Скандал на Островот: Екс-фудбалер на Арсенал шверцувал дрога!

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел-Томас, призна вина во случајот за шверц на канабис вреден повеќе од 800.000 долари, кој бил откриен на лондонскиот аеродром „Станстед“, пренесуваат британските медиуми.

Емануел-Томас беше уапсен минатата година додека го носсеше дресот на шкотскиот клуб Гринох Мортон, кој веднаш по апсењето го раскина договорот со него. На последното рочиште одржано на 7 мај, тој конечно ја призна вината, откако на претходното рочиште одбиваше да се изјасни за виновен. Британската полиција и обвинителството одлучија да го задржат во притвор додека трае истрагата и судскиот процес.

Фудбалерот беше фатен на дело од страна на Националната агенција за криминал на Велика Британија во септември 2025 година. Тогаш беа запленети два сомнителни куфера со вкупна тежина од околу 60 килограми, полни со канабис донесен од Тајланд.

Заедно со фудбалерот беа уапсени и обвинети и Роузи Роуланд и Јасмин Пјотровска, но против нив обвиненијата беа повлечени откако судот не најде докази за нивна вмешаност во случајот.

Фото: Aberdeen FC/X