Шестгодишно момче ги продава своите играчки за да гледа Ривер-Бока!

В сабота се игра реванш финалето помеѓу Ривер и Бока во финалето на Копа Либертадорес по оние 2-2 на „Бомбоњера“.

Интересот е огромен, како никогаш досега, се очекува голем метеж, влезници речиси никако не може да се најдат бидејќи не постои Аргентинец кој не би сакал во живо да гледа ваков спектакл.

Едно шестгодишно момче исто така сака по секоја цена да го следи мечот. Пари за влезница нема, а родителите го натерааа само да заработи и на него му падна на памет одлична идеја.

„Ги продавам своите играчи за да се обидам да стигнам до Монументал“, напиша ова момче на кутијата на која стојат неговите играчки.

Неговите родители ја раширија приказната на Фејсбук и веста брзо се рашири, па навивачката група на Ривер му подари влезница за дуелот!

Но, не е тоа сѐ... Набрзо доби и потпишан дрес од страна на Енцо Франческоли, легендарниот напаѓач на Ривер.