Се вратија во Премиер лигата по осум години, па навивачите воодушевија со кореографијата (ВИДЕО)

Сезоната во Премиер лигата започна овој викенд, а во друштвото на најдобрите во Англија ќе го гледме и Сандерленд кој е повратник во елитата.

Сандерленд по осум години успеа да се врати во Премиер лигата и денеска на свој терен играат против Вест хем. Оваа средба навивачите ја искористија да направат вистински спектакл.

Кореографијата на навивачите на Сандерленд беше една од подобрите кои сме ги виделе на трибините во последните години и на неа имаше витез. Во објавата на социјалните мрежи тие додадоа и опис:

„Подготвени сме за битка“.

Фото: Premier League/X