Саудијците ќе бидат парично казнети поради катастрофата против Русија!

Голманот на Саудиска Арабија, Абдула ел Мајуф, напаѓачот Мухамед ел Салауи и бекот Усама Хавсави ќе бидат парично казнети поради катастрофално одиграните натпревари против Русија на стартот од Светското првенство во фудбал, изјави шефот на спортската управа на Саудиска Арабија, Турки ел Шејх.

Тој изјави дека фудбалерите на саудиската репрезентација не играле ниту со пет отсто од своите можности на овој дуел.

„Ние за нив направивме сѐ што беше во наша моќ, им ги покривме сите трошоци во период од три години, им ги обезбедивме најдобрите тренери од светски ниво. Оваа реалност мора да ја прифатиме, тоа е тоа што они можат да го направат и се способни за тоа“, изјави Шејх.

Тој истакна и дека во целост ја презема одговорноста за лошата игра која ја покажаа во Москва.