Сабота повторно сите пред ТВ: Две дербија во Европа и шлаг на тортата - „Суперкласико“!

Откако заврши десетневната пзауза поради репрезентативни активности, последни за оваа година, клупскиот фудбал се враќа на сцена и викендов повторно неколку дербија се во фокусот на вниманието ипрактично љубителите на фудбалот ќе ги заковаат за фотелјите во пладневниот и вечерен термин.

Прво и главно дерби во фокусот секако е епската реванш-пресметка на Ривер плејт со Бока јуниорс, в сабота од 21 часот по македонско време на „Монументал“ во мечот за јуноамериканската титула во Копа Либертадорес. По ремито 2-2 на „Бомбоњера“, сега Ривер е домаќин пред 70.000 гледачи во битката за историски триумф во најславното Суперкласико.

Петнаесетина минути пред ова пресметка почнува шпанското дерби на „Ванда Метрополитано“, каде Атлетико Мадрид ќе ја пречека Барселона во пресметката за првото место во Ла Лига во моментов.
А, целата дерби програма почнува со градската пресметка во Лондон на „Вембли“, каде Тотнем од 18.30 часот ќе се соочи со Челси, еден од трите премиерлигаши кој сè уште нема пораз во сезоната, а дуелот е посебно интересен и поради тренерската пресметка на два извонредни стратези Маурицио Покетино и Маурцио Сари.

Викенд програмата со дербија од најсилните лиги завршува в недела до пресметката во Рим помеѓу Лацио и Милан, меч закажан за 18 часот.