
Роналдо: Среќен сум во С. Арабија и во Ал Наср!
Роналдо зимоска дојде во Ал Наср за џиновски 200 милиони евра годишно, но неговиот тим иако беше прв на крај ја загуби титулата, а Роналдо со низа нервозни реакции во последно време оставаше впечаток дека е незадоволен и дека сака да си оди, па се споменуваше опција да оди во Њукасл, кој е сопственост на саудискиот државен фонд ПИФ.
„Среќен сум во Саудиска Арабија. Среќен сум во Ал Наср и сакам да продолжам тука. Животот тече добро, лигата е добра. Сите големи фудбалери се добредојдени и ако се случи многумина да дојдат, лигата уште повеќе ќе напредува“, вели Роналдо.
Тој неодамна посочи дека очекува во многу блиска иднина првенството во Саудиска Арабија да биде меѓу петте најсилни лиги на светот, на рамниште со англиската Премиерлига и шпанската Ла Лига.