Роналдо потпиша нов договор и порача: Ал Наср засекогаш! (ВИДЕО)

Португалецот Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср кој сега има важност до 2027 година.

Саудискиот клуб информацијата ја потврди преку социјалните мрежи, но не откри детали освен годината кога завршува соработката.

Очекувањата се дека Роналдо ќе инкасира 200 милиони евра, колку што заработуваше и со претходниот договор. Актуелиот договор на Португалецот истекуваше на крајот на овој месец,

Во изминатата сезона беше најдобриот фудбалер на Ал Наср со 35 голови на 41 натпревар, а додаде и уште четири асистенции.