Роналдо по петти пат избран за најдобар фудбалер на светот!

Кристијано Роналдо по петти пат во својата кариера го освојува признанието за најдобар фудбалер на светот, кое го доделува францускиот дневник Франс Фудбал.

Роналдо претходно го освојуваше ова признание во 2008 година, 2013, 2014 и 2016 година, а со вечерашното признание се израмни со Лионел Меси по бројот на освоени „Златни топки“, кој за последен пат беше прогласен за најдобар на светот во 2015 година.

Втор во изборот за најдобар фудбалер на 2017 година беше токму Лионел Меси, а како третопласиран заврши фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар.

Иако во домашниот шампионат од оваа сезона не игра баш најдобро, во Лигата на шампионите блеска, бидејќи постигна девет гола на шест одиграни натпревари, а притоа беше стрелец на сите натпревари, со што постави рекорд во групната фаза од елитното натпреварување.

Роналдо имаше одлична претходна сезона во дресот на Реал Мадрид, со кого успеа да ја освои Лигата на шампионите, каде најголем впечаток остави во полуфиналето, кога на два меча постигна пет гола против Баерн од Минхен.