Роналдо е најстариот стрелец на хет-трик во историјата на СП (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо вечерва против Шпанија го одигра можеби најдобриот натпревар во својата кариера откако со три гола се избори Португалија да не биде поразен на стартот на Светското првенство во Русија. 

Португалецот стана најстариот стрелец на хет-трик во историјата на Мундијалите со 33 години и 130 дена.

Последниот трет гол, што го постигна од слободен удар беше прв за него од оваа позиција на Светските првенства од 45 обиди.

Интересно е тоа што ова за Роналдо беше 51. хет-трик во кариерата за клуб и држава, а токму неговото вакво вечерашно постигнување беше 51. хет-трик во историјата на Светските првенства.