Реал има нова идеја: Тргнува по Хрватот кој е хит сезонава во Шпанија

Хрватскиот репрезентативец и напаѓач на Осасуна, Анте Будимир, според последните од Шпанија е на радарот на Реал Мадрид кој сериозно ја разгледувал можноста да го ангажира

Будимир зад себе има фантастична сезона во која постигна 21 гол во Ла Лига и повеќе од него имаат сао Роберт Левандовски (25) и Килијан Мбапе (29).  

Во веста објавена од новинарит на „Ел Чирингуито“ Едуардо Инда се потенцира дека клубот сака повторно во својот состав да има напаѓач кој ќе се стави целосно во функција на тимот како што беше Хоселу кој во минатата сезона знаеше да одигра важна улога како „џокер“ од клупата. 

„Реал Мадрид има потреба од фудбалер како Хоселу, искусен, подготвен да чека шанса од клупа, и секогаш кога е на теренот да даде максимум. Токму таков профил гледаат во Анте Будимир. Иако има 33 години, тој е многу сличен на Хоселу – скромен, работлив, ефективен“, пишува „Диарио“.

Хрватскиот голгетер во договорот има откупна клазула од 20 милиони евра, но во Мадрид ќе се обидат да ја намалат неговата цена. Договорот на Будимир со Осасуна истекува јуни 2027 година.

Фото: C.A.Osasuna/X