ПСЖ од првата секунда знае што сака: Секој натпревар идентично го започнува (ВИДЕО)

Челси и ПСЖ од 21:00 часот вечерва го играат финалето на Светското клупско првенство на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, а пред овој дуел се појави интересно видео кое покажува дека францускиот гигант секој натпревар го започнува на ист начин.

ПСЖ на турниот во САД одигра неколку одлични натпевари. Прво во групната фаза го совлада Атлетико со 4-0, а со истиот резултат славеше и над Интер Мајами. Во четвртфиналето го доби Баерн со 2-0,  додека последен кој беше победен со 4-0 беше Реал Мадрид во полуфиналето. Единствениот пораз го доживеа од Ботофаго во групата кога веќе го обезбеди пласманот во следната фаза.

Телевизијата „ДАЗН“ која ги пренесува натпреварите сега објави интересно видео на кое може да се види како ПСЖ секој натпревар го започнува идентично. Фудбалерот кој го изведува почетниот удар ја испраќа топката на противничката половина и сите од тимот тргнуваат во жесток пресинг.