Ливерпул го игра првиот меч по смртта на Жота – емоциите пуштени на најсилно (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул попладнево го игра првиот подготвителен меч во пресрет на новата сезона, кој воедно е и прв по трагичната смрт на Диого Жота, кој пред две недели загина во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Пресметката против второлигашот Престон е обележана со силни емоции и посветеност, поради трагедијата во која освен фудбалерот на овој тим животот го загуби и неговиот брат Андре Силва. Капитенот на Престон, Бенџамин Вајтмен, Пред почетокот на натпреварот изведе силен и достоинствен чин – со букет цвеќе се упати кон навивачите на Ливерпул, каде што се поклони во чест на починатите, изразувајќи сочувство и почит кон семејството и клубот.

Без разлика што Ливерпул е гостин на оваа средба, двата тима излегоа на теренот придружени од познатата химна „You'll Never Walk Alone“, додека почесно се пушти и песната која на натпреварите ја пееја во чест на Жота.

ФОТО: EPA PHOTO