Продолжува натегањето: Бока не сака да игра, КОНМЕБОЛ притиска да се одигра Суперкласико

Вчера се случуваше вистински хаос во Буенос Аирес пред стадионот „Монументал“, каде што требаше да се одигра Суперкласико помеѓу Бока јуниорс и Ривер плејт, но тоа не се случи, па потоа беше одложен натпреварот за вечерва, но проблемите продолжуваат понатаму.

Во каменувањето на автобусот на Бока беа повредени неколку фудбалери, па немаа избор и преговараа со КОНМЕБОЛ и Ривер да се одложи дуелот.

Сепак, Бока не сака да настапува ниту вечерва на натпреварот против Ривер, а тоа го пренесуваат многу аргентински медиуми, но од друга страна КОНМЕБОЛ одбива уште едно одложување и врши притисок дуелот да се одигра вечерва.