Проблем за Интер, Лаутаро и Турам сакаат да играа на Олимпијада!

Напаѓачкиот тандем на Интер, Лаутаро Мартинез и Маркус Турам изразиле желба да играат на Олимписките игри во Париз доколку бидат повикани од своите селекции.

Олимписките игри не се во календарот на ФИФА, па клубовите не се обврзани да ги пуштат своите фудбалери на ова натпреварување. Но, од клупската одлука може да зависи понатамошниот однос со играчите.

На Олимпијадата фудбалските репрезентации се составени од фудбалери до 23 години плус тројца повозрасни.

Франција и Аргентина сериозно го сфаќаат турнирот, па можно е Турам и Лаутаро да бидат повикани за своите репрезентации.

На Интер тоа нема да му се допадне бидејќи двајцата треба да играат и на Европско првенство односно Копа Америка. 

Реал Мадрид веќе најави дека ќе им забрани на своите играчи да учествуваат на Олимписките игри.