Повредените фудбалери на Бока плачат: Не сакаат да играат во Суперкласико (ВИДЕО)

Вистински хаос се случуваше пред „Монументал“ и големото дерби помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс реванш-натпреварот од финалето во Копа Либертадорес, откако беше нападнат автобусот на Бока.

Автобусот беше уништен, а многу од фудбалерите беа повредени, па тројца од нив завршија од болница. Сепак, видеото кое се појави од соблекувалната на Бока е ептен тажно, откако може да се забележат солзи кај фудбалерите, кои не сакаат да заиграат на денешното Суперкласико.