Пирло вака не шутираше: Неверојатен гол на италијанска надеж од слободен удар (ВИДЕО)

Младата италијанска фудбалска надеж Гаетано Ористано постигна неверојатен гол од слободен удар на Светското првенство за фудбалери до 17 години, кое се одржува во Бразил, за кој може да му подзавиди и „фудбалскиот Моцарт“, Андреа Пирло.

Голот на Ористано беше клучен за триумфот на Италија со 1-0 против Еквадор, ама јавноста по неколкупати го гледаше поради страшното ефе кое го измами голманот и ја погоди неговата мрежа.

Погодокот на Ористано може да се погледне ТУКА.