Пеп излажа, Бразилецот кој го изостави не е повреден (ФОТО)

Бразилскиот крилен напаѓач Савињо како што стојат работите ќе го напушти Манчестер сити до крајот на овој преоден рок.

Интерес за Савињо покажа Тотнем кој води преговори, но „граѓаните“ не попуштаат понудата од 50 милиони евра не била доволна за да дозволат Савињо да се пресели во Лондон и покрај тоа што Гвардиола не смета на него.

Новинарите на прес-конференцијата пред денешниот натпревар против Вулвс и му поставија прашање на шпанскиот стратег за Бразилецот, а Гвардиола одговори дека е повреден.

Сепак, набрзо пристигна демант од спротивната страна. Имено, фудбалерот објави фотографија од теретана со која сакаше да покаже дека Гвардиола не ја зборува вистината.

Оваа ситуација само потврдува дека двајцата се во конфликт и дека Савињо е пред заминување, доколку остане, сигурно неговата минутажа ќе биде минимална.

Според медиумите на Островот Манчестер сити за него бара сума од 70 милиони евра.

Фото: Manchester City/X