Падна договор: Арсенал го продава и Мартинели за 65 милиони евра

Габриел Мартинели ќе го напушти Арсенал по седум години и кариерата ќе ја продолжи во саудиски Ал Хилал.

Двата клуба постигнаа договор за трансферот на 25-годишниот Бразилец, кој ќе изнесува 65 милиони евра.

Мартинели во Арсенал пристигна во 2019 година од бразилски Итуано и постигна повеќе од 40 голови за „Топџиите“, но само еден во претходната сезона во која беше освоена титулата во Премиер лигата.

Со доаѓањето на бразилското крило, Ал Хилал практично ќе го комплетира својот супертим, бидејќи ова лето веќе го доведе Холанѓанецот Крисенсио Самервил од Вест Хем, а неодамна и репрезентативецот на Англија, Оли Воткинс, од Астон Вила.

Кога е Арсенал во прашање, денеска беше објавено и дека лондонскиот клуб се договорил со Барселона за трансферот на Габриел Жесус.