Изненадувачки трансфер: Габриел Жесус потпишува за Барса!

Eкипата на Барселона откако и дефинитивно остана без шанси за ангажман на Хулијан Алварез брзо го договир Габриел Жесус од Арсенал.

Сите детали од трансферот и ќе биде комплетиран во следните 24 часа. Барселона за Жесус ќе плати сума од десет милиони евра плус бонуси, а бразилскиот напаѓач утре треба да пристигне во Каталонија.

Жесус се поврзуваше со заминување од Арсенал, но Барселона не се појавуваше помеѓу опциите. Сепак, очигледно Деко и соработниците набрзина успеале да се договорат со Арсенал и фудбалерот.

Ќе потсетиме, прва желба на Барселона беше Алварез, меѓутоа Атлетико никако не попушти и не сакаше да го продаде својот најдобар фудбалер на еден од најголемите ривали.