Откриен датумот кога би можело да се одигра Суперкласико

Реваншот во финалето од Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс е повторно одложен, а не беше соопштен нов датум кога би можела средбата да се одигра.

Вчера се случија неколку инциденти пред стадионот „Монументал“, а исто така беше каменуван автобусот на Бока од страна на навивачите на Ривер, по што беа повредени неколку фудбалери.

КОНМЕБОЛ вчера го одложи дуелот за денеска од 21 часот, но сепак нема да се одигра, а познати се и потенцијалните датуми за одигрување на Суперкласико.

„Во контакт сум со претседателите на екипите и ќе го најдеме првиот слободен датум. Тоа нема да биде наредниот викенд, зашто во Буенос Аирес се одржува самитот на Г20. А, првиот слободен викенд е осми и деветти декември и најверојатно тогаш дуелот ќе се игра“, кажа претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.