Официјално: Пикси селектор на Србија до 2026 година

По неколкунеделни преговори и перипетии, Драган Стојковиќ Пикси денеска официјално стави потпис на договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија со кој останува селектор на националниот тим.

Такво нешто беше најавено минатата недела, но во меѓувреме се појавија информации дека има проблеми околу финансискиот дел поради што потпишувањето беше оспорено. Сепак, денеска на седница на Управниот одбор, одобрено е продолжувањето на соработката по што Пикси уште најмалку две години ќе остане на функцијата.

Под негово водство, Србија обезбеди пласман на Светското првенство во Катар во 2022 и на Европскиот шампионат кој почнува за 20-тина дена, во Германија.