Проблеми за англиската репрезентација: Фоден го напушти кампот поради семејни проблеми

Фудбалерот на Манчестер Сити попладнево го напуштил кампот на англиската репрезентација и заминал за Велика Британија, објави ФА.

Причина за неговото заминување се семејни проблеми, но засега нема детални информации за што точно се работи. Својот следен натпревар, Англија го игра в недела и можно е Фоден дотогаш да се врати во националниот тим.

Играчот на Сити во досегашниот дел првенството не беше ни бледа сенка на фудбалерот кој беше прогласен за најдобар во сезоната во Премиер лигата. Истото важи и за неговите соиграчи кои на трите натпревари во групата постигнаа само два гола и не ги потврдија прогнозите дека се главни фаворити за титулата на континенталниот шампионат.