Доказ за лошата атмосфера во српската репрезентација - еден од фудбалерите сам се врати во Белград

Експедицијата на српската фудбалска репрезентација вечерва се очекува да пристигне во Белград, но пред неа, еден од играчите веќе се врати дома.

Играчот за врска Иван Илиќ го напуштил националниот тим и сам се упатил кон татковината, со редовен лет на компанијата Луфтханса. Со ова, тој не ја прекршил дисциплината во репрезентацијата, но сепак е доказ дека атмосферата во тимот е очајна.

Нејасно е само дали Илиќ, кој потекнува од истиот град како селекторот на српската репрезентација, е лут на Стојковиќ или причината е некоја друга. Тој настапи на сите три меча на Европското првенство, 45 минути против Англија, 90 против Словенија и 67 против Данска.