Официјално: Киву се врати на местото на успехот

Кристијан Киву денеска и официјално беше претставен како нов тренер на Интер откако Симоне Инзаги се одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Киву со „нераѕурите“ потпиша договор на две години кој ќе има важност до крајот на сезоната 2026/2027.

Поранешниот соиграч на Горан Пандев кој беше член и од историската сезона во 2010 година кога овој клуб стигна до триплета и кариерата како тренер ја започна тука во младинските категории.

Киву во период 2018 до 2024 година работеше како тренер на генерациите до 14, 17, 18 години и младинскиот тим.