Официјално: Ерик Дајер има нов клуб

Англискиот репрезентативец Ерик Дајер како што беше претходно најавено ќе го напушти Баерн Минхен, а сега е потврдена и неговата наредна дестинација.  

Фудбалерот кој има 31 година и може да покрие позиции како последен играч за врска или централен бек, пристигна во Баерн во 2024 година. Во минатата сезона се покажа како вредно засилување во ротацијата на тимот и како фудбалер кој може да понуди сигурност и стабилност.

Сепак, Дајер сака поголема улога и повеќе минути на теренот, нешто што што не можеше да го добие покрај големата конкуренција во Баерн. Поради тоа се одлучи кариерата да ја продолжи во Франција во редовите на Монако.

Дајер потпиша преддоговор со клубот од Кнежевството, а на тимот ќе му се придружи од 1 јули. За репрезентацијата на Англија во кариерата успеа да собере 49 настапи.