
Одлична вест за Реал Мадрид: Карвахал се враќа многу побрзо од очекуваното!
Реал Мадрид во текот на целата сезона мака мачи со повредите, посебно во одбраната и поради тоа враќањето на Карвахал во составот би било од голема важност.
Карвахал се здоби со повреда на лигаментите во октомври минатата година и од тој момент не тренираше, а сега конечно започнал да трча.
Медиумите истакнуваат дека ова било изненадување за докторите бидејќи очекувале рехабилитацијата да оди многу побавно, сепак очигледна била желбата на Карвахал што побрзо да се врати и да помогне на соиграчите.
Сепак, Шпанецот ќе мора да почека и првите проценки сега се дека неговото враќање може да се случи на Светското клупско првенство во јуни. Претходно најавите беа дека нема да го видиме на теренот до почетокот на наредната сезона.