
Шкупи како Тиквеш: Го повлече бројот на Андреј Лазаров!
Шкупи беше клубот каде што Лазаров настапуваше оваа сезона по враќањето во македонскиот фудбал од хрватската Горица.
Клубот од Чаир информираше дека го повлекува дресот со број „77“, но исто така потврди и дека договорот кој го имаше Лазаров во целост ќе биде исплатен на неговото семејство.