Оброците за изолираните од коронавирус во МЛС-лигата се урнебес – како за бездомници (ФОТО)

Американската МЛС-лига за пет дена треба да се рестартира, а како и кошаркарската НБА-лига, ќе се игра во Дизниленд, на Флорида, а екипите веќе се пристигнати, но има и проблеми – има заразени фудбалери од Ковид-19 меѓу тимовите.

Според најстроги протоколи, фудбалерите се изолирани, екипите специјално сместени, со ограничено движење, изолација, редовни тестирања... И сето тоа само за да се заврши нормално сезоната.

А, тие што се најдоа во карантин поради позитивни тестови, иако живеат и играат во САД, ги третираат како да се бездомници. Двајца фудбалери се пожалиле на оброците што ги добиваат, па ги споделиле како изгледаат. Два сендвичи, банана и уште нешто во картонска кутија. Уште и оброот што ќе им се наплати чини неверојатни 60 долари.