Нов бран на заразени во Русија: Четворица фудбалери на Локомотив се позитивни на Ковид-19

Дури четворица фудбалери на Локомотив од Москва се заразени со коронавирус. Сите четворица се Руси и се во своите домови, но не чувствуваат никакви симптоми на болеста.

Се работи за Дмитри Баринов, Антон Коченков, Тимур Сулејманов и Роман Тугарев. Претходно, позитивен и перуанскиот напаѓач Џеферсон Фарфан, кој исто така ги брани боите на овој клуб.

Локомотив тренира во клупскиот камп, а првенството во Русија ќе продолжи на 21 јули, секако доколку нема некоја промена до тогаш.

Во моментов, Локомотив е на второто место со девет бода зад лидерот Зенит.