Навивачите на Бока бесни: Пред три години нè суспендиравте за ист напад, а сега...?!

Аргентинското Суперкласико вечерва не го дочека својот почеток, откако по две одложувања и два ипол часа од предвидениот старт, на крај мечот за јужноамериканската титула беше одложен за утревечер од 21 часот.

Сè почна со каменувањето на автобусот на Бока јуниоср од страна на една група на навивачи на Ривер пред стадионот „Монументал“. Двајца фудбалери со повреди на окото од скршените сталка во автобусот завршија во болница, а уште двајца се жалеа на тешко дишење поради солзавци. Бока на крај остана на став да не игра зашто нема услови, а фудбалерите не се во состојба и успеаа да издејствуваат одложување, иако ФИФА и КОНМЕБОЛ правеа притисок да се игра мечот.

На крајот сè заврши со одложување, но навивачите на Бока се бесни – бараат титулата веднаш да им припадне. Доказ, пред три години, тие скапо го платиле цехот за нападот врз фудбалерите на Ривер.

„2015 година, навивачите на Бока ги нападнаа фудбалерите на Ривер. Бока беше суспендирана! 2018 година, навивачите на Ривер ги нападнаа фудбалерите на Бока. Сега ќе го суспендираат ли Ривер?!“, пишува еден навивач.

Ова Суперкласико е посочено како меч на векот зашто првпат во историјата најголемите аргентински ривали се борат за јужноамериканската круна во Копа Либертадорес. По првиот меч на „Бомбоњера“ победник немаше, а мечот заврши 2-2.