Навивачи на Ривер шверцуваат факели преку мало девојче (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше во Аргентина пред реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс на „Монументал“.

Полицијата направи големи пропусти, па виновна е за драмата и нападот на автобусот на Бока, при што беа повредени тројца фудбалери, од кои двајца со потешки повреди.

Фудбалерите на Бока плачеа во соблекувалната, па уште не е познато дали ќе се одигра дербито, иако веќе неколку пати беше одложувано.

За да биде уште полоша ситуацијата, пред стадионот имаше жестока пресметка помеѓу полицијата и навивачите на Ривер, а на социјалните мрежи се појави страшна снимка од улиците на Буенос Аирес, каде што гледаме дека една навивачка на Ривер на малечко девојче му закачува појас со факели за да може полесно да ги прошверцува на стадионот.