„Монументал“ е затворен: Не е познато дали ќе се игра Суперкласико (ФОТО+ВИДЕО)

Реваншот во финалето на Копа Либертадорес помеѓу аргентинските клубови Ривер плејт и Бока јуниорс на „Монументал“ во Буенос Аирес е одложен по нападот на гостинските фудбалери пред стадионот. Но, не е познато ниту дали ќе се одигра дуелот во нов термин, зашто организаторите го затворија стадионот од безбедносни причини.

Аргентинските медиуми пишуваат дека останува отворено прашањето дали ќе се одигра најпознатото светско дерби, зашто полицијата одби да гарантира безбедност на сите присутни. Во саботата околу 2.000 полицајци биле на улиците во Буенос Аирес, но не можеле да ја контролираат ситуацијата.

Засега, покрај безбедносните мерки, за кои се верува дека до крајот на денот ќе бидат на повисоко ниво, потребно е и управата на Ривер да платат казна, а доколку тоа не се случи, тогаш мечот дефинитивно нема да биде одигран.

Да потсетиме, во саботата автобус со фудбалерите на Бока јуниорс беше каменуван од голема група навивачи на Ривер по што беа повредени неколку фудбалери во нападот.

Многу фудбалери на Бока побараа медицинска помош, а Пабло Перез и Гонзало Ламардо добија тешки повреди и завршија во болница.

Инаку, првиот натпревар за трофејот во Јужна Америка заврши 2-2 на „Бомбоњера“, а реваншот најверојатно ќе се одигра вечерва од 21 часот.