Моментот кога збеснаа навивачите на „Монументал“ поради одложувањето на дуелот (ВИДЕО)

Вистински хаос владееше во Буенос Аирес пред стадионот „Монументал“, каде што требаше да се игра реваншот во финалето од Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс.

Вториот натпревар беше откажан поради нередите на улиците и нападот на автобусот со фудбалерите на Бока, при кој беа повредени неколкумина.

Гостинските фудбалери не беа во состојба да настапат на дуелот, па побараа истиот да се одложи и по долги преговори со раковоството на КОНМЕБОЛ и ФИФА донесоа одлука дека дуелот ќе се одложи.

Меѓутоа, на крајот победи здравиот разум и беше решено да се одложи дуелот за в недела од 21 часот.

При соопштувањето на одлуката на „Монументал“ можеше да се слушне незадоволството на навивачите.