Многу емоции за Ди Марија: Спектакуларен пречек, гол и тешка повреда! (ВИДЕО)

Aргентинецот, Анхел Ди Марија по епизодата во Бенфика се врати во својот клуб од детството, Розарио Централ, а неговото враќање донесе многу емоции.

Ди Марија се расплака уште на претставувањето во Росарио за изминатата на вечер во натпреварот против Годој навивачите да му приредат фантастичен пречек. Аргентинецот успеа да постигне и гол за водство во 78. минута, меѓутоа во финишот немаше среќа.

По еден дуел со противнички фудбалер, Ди Марија заработи тешка повреда по која мораше со амбулантно возило да биде изнесен од теренот. Сцените не изгледаа добро, а засега нема информации  за степенот на повредата.

Натпреварот на крајот заврши без победник 1-1.