Емоциите беа пресилни: Ди Марија се расплака по враќањето во поранешиот клуб (ВИДЕО)

Aргентинецот Анхел Ди Марија го комплетираше трансферот во Росарио Централ, клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори.

По потврдата за комплетирање на трансферот, Ди Марија беше и претставен пред медиумите каде што беше пуштено и кратко емотивно видео кое го расплака ветеранот.

Видеото придонее за многу емоции кај Ди Марија кој не криеше и дека е пресреќенн што се враќа „дома“ по годините низ Европа каде што изгради одлична кариера.

„Долго време сонував за овој момент. Сакав и порано да се вратам, но не беше можно. Сега конечно сум тука, едвај чекам повторно да истрчам на легендарниот стадион“, изјави Ди Марија.

Низ кариерата Ди Марија настапуваше за Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус, а со оглед на тоа дека има 37 години многу веројатно и во Росарио ќе ја заврши кариерата.