Милер со изненадувачки трансфер може да остане во Европа

Toмас Милер на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен, а според последните информации кариерата би можел да ја продолжи на изненадувачка дестинација.

Имено, Фенербахче кој има договор со Џеко исто така до крајот на оваа сезона сака да го доведе германскиот ветеран како замена за босансккиот голгетер.

Џеко ја завршува својата епизода во Истанбул и раководството го гледа Милер како одлична замена.

Милер досега најчесто се поврзуваше со преселба надвор од Европа, но соработка со Мурињо би можело да биде нешто за што би размислил, секако ако Португалецот остане и наредната сезона во клубот.