
Јувентус има три големи желби: „Старата дама“ подготвена да потроши 200 милиони евра
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е на излезни врати и се повеќе се пишува дека ќе го напушти Торино и најголема желба на „старата дама“ е Виктор Осимен кој има откупна клазула од 75 милиони евра. Осимен ќе се врати во Наполи и клазулата важи само за клубови од странство, меѓутоа биејќи во Неапол не е во плановите не се исклучува под Везув да ја прифатат ваквата понуда ако пристигне.
Адемола Лукман од Аталанта е исто така уште една желба за нападот, а за него ќе бидат потребни околу 50-60 милини евра.
Поранешниот фудбалер на Милан Сандро Тонали од поодамна се поврзува со Јувентус, меѓутоа и неговата цена е околу 70 милиони евра.
Ќе потсетиме, Јувентус и во изминатото лето потроши околу 200 милиони евра за ангажман на: Теун Копмајнерс, Даглас Луиз, Кефрен Турам, Нико Гонзалес и уште неколку позајмици со опција или обврска за перманентен трансфер.