
Тотално лудило на Олд Трафорд: Јунајтед од бездната до ѕвездите за седум минути (ВИДЕО)
Натпреварот на Олд Трафорд го одбележаа големите пресврти, осцилации во играта на двете екипи, но и ретко виден финиш. Јунајтед по првото полувреме водеше со 2-0, со головите на Угарте и Дало, Лион во второто полувреме израмни преку Толисо и Таљафико, но никој во тие моменти не можеше ни да замисли што ќе се случува во продолженијата во кои беа постигнати дури пет гола.
Во 105. минута Шерки го донесе Лион во предност од 3-2, а Лаказет од пенал во 108. се погрижи за тотален молк на Олд Трафорд и водство од два разлика за францускиот тим. Домашните навивачи се фаќаа за глава, некои почнаа и да плачат, но натпреварот за Јунајтед тукушто почнуваше.
Пеколни беа седумте минути за кои уште долго ќе се зборува и кои многу потсетуваат на финалето од Лигата на шампионите во 1999 година. Прво Бруно Фернандес од пенал намали на 3-4, времето истекуваше кога Мејну израмни на 4-4 и предизвика еуфорија, но и тоа беше ништо во споредба со експлозијата што ја предизвика Хари Мегваер во 121. минута.
Јунајтед ќе игра во полуфиналето од Лигата Европа, а противник ќе му биде Атлетико Билбао кој вечерва беше подобар од Ренџерс.
РЕЗУЛТАТИ
Атлетик Билбао - Ренџерс 2-0 (вкупно 2-0)
Ајнтрахт - Тотнем 0-1 (1-2)
Лацио - Бодо 3-1 (3-3) на пенали 2-3
Манчестер Јунајтед - Лион 5-4 (7-6)
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ
Атлетик Билбао - Манчестер Јунајтед
Бодо - Тотнем
фото: EPA PHOTO