
Челси го претрпе првиот пораз сезонава, ама сепак без проблем стигна до полуфинале (ВИДЕО)
На домашен терен, „сините“ загубија од Легија Варшава со 1-2, но поразот нема големо значење бидејќи минатата недела како гости славеа со 3-0. Лондонскиот тим загуби и од Сервет, но во квалификациите, додека од почетокот на лигашкиот дел имаше перфектен биланс. Со вкупни 4-2, Челси обезбеди пласман во полуфиналето од Конференциската лига и останува најголем фаворит за титулата, особено поради тоа што во полуфиналето ќе игра со Дјургарден.
Легија го најави изненадувањето во десеттата минута кога Пекхарт од пенал го отвори резултатот. Кукуреља ги елиминира сите дилеми со голот во 33. минута, но Легија ќе има причини за задоволство затоа што успеа да слави на Стемфорд Бриџ благодарение на погодокот на Капуади во 53. минута.