Анчелоти ќе добие отказ, директор ќе го води Реал на Светското клупско првенство!?

Станува извесно дека ако не освои некој трофеј, Карло Анчелоти ќе добие отказ од Реал на крајот од сезоната и тоа пред Светското клупско првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули.

Неговиот наследник ќе биде назначен со важност на договорот од 1 јули, па ќе мора да ја преземе одговорноста и да ја води екипата на натпреварувањето што го организира ФИФА. Шпанските медиуми тврдат дека одговорноста ќе биде префрлена кон поранешниот фудбалер на Реал, Сантијаго Солари кој во моментов е спортско-технички директор на Реал.

Солари има и искуство како прв тренер на Реал, во сезоната 2018/19, по отказот што го доби Жулен Лопетеги. Тогаш не се прослави и доживеа неколку тешки порази, па по завршувањето на сезоната ја напушти функцијата и на негово место беше назначен Зинедин Зидан.