Чаби Алонсо оди во Реал и ѝ го краде на Барса договореното засилување

Како што минува времето, извесно станува дека Карло Анчелоти нема да го води Реал идната сезона, а прв фаворит за неговата позиција е шпанскиот стручњак Чаби Алонсо.

Но, се чини дека тој нема сам да дојде во Мадрид, туку со себе ќе поведе и еден од своите фудбалери. Станува збор за германскиот репрезентативец Џонатан Тах кој, наводно, порачал дека ќе го следи својот тренер под чие водство стана еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.

Најинтересно во ситуацијата е тоа што каталонските медиуми неодамна објавија дека Тах веќе ги договорил сите услови за трансфер во Барселона. Ова значи дека, практично, Чаби Алонсо ќе ѝ го украде на Барса договореното засилување и ќе го однесе во Мадрид.