
Јунајтед со Аморим освои само 23 од вкупно 63 бода
Колку и да е легитимно објаснувањето дека тој не го селектирал тимот, пред неговото доаѓање, „ѓаволите“ беа на само четири бода од топ-4, а во моментов се на 13. место на табелата. Од можните 63 бода оттогаш, Јунајтед освои само 23 што екипата оствари шест победи, пет нерешени резултати и 10 порази.
Од шесте победи, за издвојување е само онаа против актуелниот шампион Манчестер Сити, но дури и таа е остварена во момент кога градскиот ривал се наоѓаше среде најголемата криза во последната деценија и со голем број повредени фудбалери. Останатите пет се против Фулам, Евертон под водство на Шон Дајш и поседнопласираните екипи на табелата Саутемптон, Лестер и Ипсвич кои идната сезона ќе се натпреваруваат во Чемпиошип.