
За Интер не е важен исходот од реваншот со Баерн: Инзаги останува тренер!
Раководството на шампионот на Италија се договорило со Инзаги за продолжување на соработката без оглед на тоа каков исход ќе има натпреварот со Баерн.
Натпреварот се игра утре во Милано и Интер во него влегува со предност од 2-1 од првиот натпревар.
Реномираната „Газета дело спорт“ пишува и дека се ќе биде официјализирано по натпреварот.
Освен што е на чекор од самата завршница во Лигата на шампионите, Интер и сезонава е одличен во Серија А каде што е лидер со три бода повеќе од Наполи.
Исто така се во игра и за трофејот во Купот на Италија каде што ги чека реваншот против Милан, првиот натпревар заврши без победник 1-1.