
Меси се врати и го однесе Интер Мајами во уште едно финале (ВИДЕО)
Во полуфиналниот меч, Интер Мајами со 3-1 го совлада ривалот од Флорида, Орландо од кого пред 17 дена, без Меси во тимот, доживеа катастрофа со 1-4. Аргентинецот вечерва се врати во тимот и беше најзаслужен за пресвртот кој го однесе Интер во мечот за титулата.
Орландо го заврши првото полувреме со водство од 1-0, благодарение на голот на Пашалиќ во судиското продолжение. Се одеше одлично за Орландо до 75. минута кога Брекало направи пенал и доби црвен картон, а Меси од белата точка го израмни резултатот. Со фудбалер помалку, Орландо не можеше да издржи до крајот, Меси во 88. минута го донесе Орландо во водство од 2-1, а Сеговија во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Во финалето, в понеделник рано наутро, Интер Мајами ќе игра против Сиетл Саундерс кој беше подобар од Лос Анџелес Галакси со 2-0. Мечот за титулата ќе се игра во Сиетл. Интер Мајами има една титула во Купот на лигите, освоен во 2023 година, непосредно по доаѓањето на Лионел Меси во тимот.