ЧатГПТ пресмета: Пелистер не е без шанси да ја освои Лигата на шампионите

Вештачката интелигенција, или ЧатГПТ, сѐ почесто се користи во сите сфери, па така, и во спортот, веќе често пати излегуваат вакви пресметки за одредени натпреварувања.

Токму ваква пресметка направиле од ЕХФ каде што ги пресметале шансите на екипите за освојување на Лигата на шампионите.

Според ЧатГПТ и Пелистер не е без шанси за трофејот и се наоѓа на претпоследното место на ова рангирање со 0.08% шанси да го освои трофејот, зад нив е само Колштад со 0.06%.

Кога во прашање се екипите со најголеми шанси, Барселона е фавори со 26.2%, потоа следи актуелниот европски шампион Магдебург со 19.7%, па Фуксе со 22.5% и унгарски Веспрем со 10.3%.

Сезоната во Лигата на шампионите започнува на 10 и 11 септември, а Пелистер ќе игра во група со: Магдебург, Барселона, ПСЖ, Висла Плоцк, ГОГ, ПИК Сегед и Загреб.