
Меси му грмна на Хамес Родригес: Многу зборуваш! (ВИДЕО)
Мечот заврши без победник (1-1), а еден од моментите што го одбележа беше токму инцидентот меѓу поранешните фудбалери на Барселона и Реал Мадрид. Хамес прво влезе во расправија со други аргентински играчи, а Меси се вмеша и му порача дека многу зборува и дека треба да престане.
Всушност, најдобриот фудбалер на сите времиња му забележува на Хамес за неговата изјава дека во ланското финале од Копа Америка, Колумбија не ја победила Аргентина затоа што судиите не ѝ дозволиле. Хамес демантира дека кажал такво нешто, но ни тоа не го смири Меси.
Иако пред мечот, двајцата како капитени пријателски се прегрнаа, по завршувањето Меси одби да се ракува со најголемата ѕвезда во колумбиската репрезентација.