
Барселона беше пресилна: Младите пелистерции примија 55 гола во „малото финале“
Освен почетните минути во кои Пелистер поведе со 2-0 со двата гола на Хаџиќ натпреварот комплетно помина во знакот на каталонсииот гигант кој не дозволи никакво изненадување.
Убедливата победа беше најавена уште по првиот дел кој Барселона го доби со 14-26.
Не застана Барселона и во вториот дел кој го доби уште поубедливо за конечен триумф од 27 голови разлика.
Најефикасен кај македонскиот претставник беше Алем Хаџиќ со десет погодоци, шест постигна Јован Симонвски. За Барселона дваајца ракометари постигнаа двоцифрен број на голови Коладо Карион 11 и Мартин Дукуе десет.
Ќе потсетиме, Пелистер во вчерашното полуфинале загуби од ГОГ Гудме со 36-21.