Мечот Баерн - Оукланд покажа дека вакво СП за клубови е - голема утка!

Светското клупско првенство со 32 екипи требаше да биде спектакл, но веднаш можеше да се забележи дека е голема утка поради дуелот меѓу Баерн Минхен и Оукланд, каде што бундеслигашот за едно полувреме постигна шест голови.

Кингсли Коман по шест минути стрелаше за 1-0, а потоа Баерн во краток период постигна уште три гола преку Бое, Олисе и Коман.

Мизеријата на Оукланд ја продолжи Милер во 45. минута, а во третата минута од судиското надополнување погоди и Олисе за предност од 6-0.

Светското првенство за клубови требаше да биде спектакл, меѓутоа разликата во квалитетот на тимовите си го направи своето, а воедно треба да се спомене дека дел од фудбалерите на Оукланд не можеа да настапат зашто не добиле дозвола од работа.

Фото: Facebook/FC Bayern München