Баерн Минхен е безмилосен - со 10 гола го понижи Оукланд! (ВИДЕО)

Германскиот шампион Баерн Минхен немаше милост и го прегази Оукланд (10-0) на почетокот на Светското клупско првенство.

Бундеслигашот тргна фуриозно во првото полувреме, а по двапати во листата на стрелци се запишаа Кингсли Коман и Мајкл Олисе, додека по еден погодок имаа Бое и Томас Милер.

Џамал Мусиала блесна во вториот дел, откако во период од 16 минути постигна хет-трик, додека последниот погодок на мечот беше дело на Милер.

Во групата на Баерн и Оукланд се уште и тимовите Бока јуниорс и Бенфика кои ќе се соочат на 17 јуни.

Фото: Facebook/FC Bayern München