Успешен тест за младинците: Македонија ја „нокаутира“ Јапонија во Варшава

Младинската репрезентација на Македонија успешно го мина првиот тест пред Светското првенство (СП) во Полска, откако вечерва славеше со 37-27 против Јапонија во Варшава.

Јапонија имаше добро прво полувреме во кое ја контролираше играта, а на паузата замина со предност од 16-13.

Македонските репрезентативци почнаа да се будат на стартот на вториот дел, кога најпрво израмнија на 17-17, а потоа стигнаа и до пресврт (37-27).

Младинците на СП се наоѓаат во група со Фарски Острови, Исланд и Романија.